ФилмХоливуд

Стивен Спилберг откри кој актер го воодушевува со секоја нова улога

Стивен Спилберг открива дека Кристијан Бејл го импресионира одново и одново, уште од нивната прва соработка во „Империја на Сонцето“. Прочитајте повеќе за оваа иконична врска меју режисер и актер.

Легендарниот холивудски режисер Стивен Спилберг, чие име е синоним за филмски ремек-дела, откри дека еден актер постојано го импресионира – Кристијан Бејл. Со богата кариера во која соработуваше со ѕвезди како Харисон Форд, Том Хенкс и Мишел Вилијамс, Спилберг отсекогаш знаел да препознае и изгради талент.

Кристијан Бејл како Брус Вејн

Кристијан Бејл, кој за првпат се појави под режисерската палка на Спилберг во воената драма „Империја на Сонцето“, остави траен впечаток уште на 12-годишна возраст. „Сè што прави Кристијан, ме фасцинира. Беше храбар како дете, а денес е еден од најдобрите актери на својата генерација“, изјави Спилберг за Female First, пренесува Far Out Magazine.

„Империја на Сонцето“ раскажува потресна приказна за младо момче, Џим Греам, заробено во логор за време на Втората светска војна. Иако филмот не оствари огромен успех во САД, стана омилен низ светот, а изведбата на Бејл и денес е предмет на пофалби.

Спилберг, познат по тоа што открива млади таленти како Ејми Адамс и Винс Вон, додаде: „Горд сум на младите актери кои ја почнаа кариерата со мене, а потоа изградија свој пат.“

Прочитај ме:  Кајли Џенер - Тајната на нејзиниот милионски успех