Смути со Јагода и Ванила
Освежително смути со јагоди и ванила – совршено за појадок, односно, ова е здрава ужина која може да се консумира во секое време од денот.
Ако барате свеж, лесен и хранлив начин да го започнете денот или да ја замените попладневната ужина, ова смути од јагоди и ванила е полн погодок. Комбинацијата од сочни јагоди, кремаст јогурт, растително млеко и нежен допир од ванила создава природен баланс меѓу вкус и хранливост – и сето тоа за само една минута во блендер.
Овој рецепт не бара никакви кулинарски вештини, а сепак нуди уживање што ќе го ценат и љубителите на здравата храна и оние што едноставно сакаат нешто вкусно и освежувачки добро. Идеален е за појадок, пред трчање/џогинг, за брз оброк на работа или како лесен десерт.
За овој Рецепт (за 1 лице) е потребно:
- 8 свежи јагоди (измиени и чистени)
- 100ml. јогурт со ниска масленост
- 100ml. растително млеко (бадемово, овесно, соја и сл.)
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 лажичка мед или агаве сируп (по вкус)
- 4 коцки мраз (здробени)
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер. Блендирајте околу една минута додека не добиете мазна и кремаста текстура. Истурете во чаша или сад за смити и консумирајте или сервирајте веднаш.
Нутритивни вредности (приближно) за една порција:
- Калории: 220 kcal
- Протеини: 10,3 g
- Масти: 1,9 g
- Јаглехидрати: 30,3 g
- Холестерол: 6,3 mg