Скопјанец ја тепал својата 15 годишна ќерка

ВестиМакедонија

Скопјанец ја тепал својата 15 годишна ќерка со тврд предмет, мајката го пријавила случајот.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 15:00 часот, во СВР Скопје, 39-годишна жителка на Скопје пријавила дека на 25 минатиот месец, околу 17:00 часот, во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, нивната 15-годишна ќерка била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.К. (43) од Скопје, кој при нападот употребил и тврд предмет.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.