Симптоми на висок крвен притисок што често се игнорираат

Здравје

Висок крвен притисок често нема симптоми, но може да предизвика срцев удар и мозочен удар – научете како да го препознаете и следите.

Високиот крвен притисок, или хипертензија, е „тивок убиец“ кој често нема симптоми, но може да доведе до сериозни здравствени компликации.

Што е хипертензија?

Хипертензијата е состојба кога крвниот притисок во крвните садови е постојано покачен. Нормалните вредности се под 120/80 mmHg, додека притисок од 130/80 mmHg или повеќе се смета за висок. Ако остане неконтролиран, високото крвно може да оштети крвните садови и органите, зголемувајќи го ризикот од срцев удар, мозочен удар и болести на бубрезите.

Симптоми што не треба да се игнорираат

Иако многу луѓе со висок крвен притисок немаат никакви симптоми, понекогаш телото испраќа предупредувачки знаци:

  • Главоболка, особено во целата глава или задниот дел од главата.
  • Замаглен вид, често погрешно приписан на замор или стрес.
  • Отежнато дишење, прво при физички напор, а подоцна и во мирување.
  • Болка во градите, особено при одење или вежбање, што укажува на дополнителен напор за срцето.
  • Крварење од носот, кое понекогаш се јавува кај луѓе со хипертензија.
  • Пенлива урина, можен знак дека бубрезите испуштаат протеини поради оштетување.

„Најопасниот симптом е – нема“

Д-р Еван Левин, кардиолог, предупредува дека најголемата закана е токму отсуството на симптоми. „Најчестиот симптом на хипертензија е – ништо. И затоа е толку опасен“, вели тој.

Како да се заштитите

Редовното следење на крвниот притисок е клучно за превенција. Кардиолозите препорачуваат:

  • Да се проверува притисокот најмалку еднаш годишно.
  • Да се користи домашен монитор за крвен притисок, ако нема редовен пристап до лекар.
  • Да се учат семејството и пријателите како правилно да се мери крвниот притисок.

Високиот крвен притисок може да биде присутен години без симптоми, но со текот на времето предизвикува сериозна штета на срцето, мозокот и бубрезите. Редовните контроли се едноставен, но ефикасен начин да го заштитите животот.