Што треба да прави секоја жена после секс
Иако сексот е идивидуален чин, секоја жена по сексуланиот однос треба да го прави ова.
Сексот е лична и интимна активност, но и биолошки чин што предизвикува серија телесни реакции. Иако секоја жена има свои желби и искуства, телото речиси секогаш реагира на сличен начин – особено кога станува збор за чувството на итна потреба за мокрење по сексуален однос.
Некои жени ја чувствуваат оваа потреба веднаш, други по неколку минути. Но важно е едно – телото испраќа јасен сигнал, и тој не треба да се игнорира. Не станува збор за случајност, туку за природен одбранбен механизам.
Според специјалистите по урологија, постои директна врска меѓу сексуалниот однос и уринарната инфекција. За време на секс, бактериите – лесно можат да навлезат во уретрата и да стигнат до мочниот меур. Кај жените, поради анатомската структура, тој пат е пократок, па и ризикот за инфекција е повисок.
Мочењето по секс делува како природно „испирање“ на уринарниот тракт – процес што значително го намалува ризикот од воспаление. Затоа, колку и да звучи банално, мокрењето по интимен однос не е само хигиенска навика, туку и важна здравствена заштита.
Ако по секс почувствувате силен нагон за мокрење – не го одложувајте. Претпочитајте да се грижите за своето здравје, па дури и ако значи да го одложите мажењето или лежерниот разговор со партнерот за неколку минути.
Вашето тело знае што прави – слушајте го.