Што е CAT? Тренд за лица над 18 години!
Што е CAT? Трендот за лица над 18 години за кој многумина тврдат дека е клучот до поголемо задоволство!
Веројатно сте слушнале за таканаречениот „оргазмски јаз“ – статистиката покажува дека во хетеросексуалните врски, жените доживуваат оргазам поретко од мажите. Има многу што може и треба да се направи за да се промени ова, а првиот чекор е подобро да разберете што i е потребно на вашaта партнекар за да достигне оргазам. Добро место за почеток е со подобрување на вашите вообичаени движења во спалната соба.
Земете ја мисионерската положба, на пример. Додека многу парови ја сакаат поради интимноста што ја обезбедува, сексуалните терапевти велат дека малку прилагодување може да ја однесе од „добра“ во неспоредливо подобра.
Што е техниката на усогласување на коеталниот секс?
„Техниката на усогласување на коеталниот секс“, попозната по кратенката CAT (Coital Alignment Technique), е модифицирана верзија на мисионерската положба. Клучот е мажот да се помести малку повисоко, така што основата на неговиот пенис го стимулира клиторисот на неговата партнерка за време на сексуалниот однос.
Една студија објавена во „Journal of Sex and Marrital Therapy“, спроведена врз жени кои не можеле да доживеат оргазам во мисионерска поза, покажала дека оние кои пробале CAT пријавиле зголемување на фреквенцијата на оргазми за дури 56 проценти.
Што ја прави толку ефикасна?
Меган Флеминг, психолог и сексуален терапевт во Њујорк, објаснува дека CAT е револуционерна бидејќи на повеќето жени им е потребна стимулација на клиторисот за да постигнат оргазам. Само пенетрацијата честопати не е доволна.
„Околу две третини од жените не доживуваат оргазам само од пенетрација“, рече Флеминг. „CAT нуди директен притисок и нишање и триење, што им дава на жените дополнителна стимулација на клиторисот.“
Покрај тоа што им обезбедува интензивно задоволство на партнерите, техниката има дополнителна корист и за мажите, вели Лори Бакли, сексуален терапевт. „Дополнителна корист е што може да им помогне и на мажите да траат подолго.“






