Шест месеци без правда за Кочани

ВестиМакедонија

Вчера беа одбележани шест месеци од несреќата во Кочани, односно, пожарот кој изби во дискотеката “Пулс” за време на настапот на бендот ДНК каде животот го загубија 62 млади лица.

Граѓаните вчера се собраа на плошдадот „Македонија“ во Скопје да изразат почит кон 62-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани, која се случи пред шест месеци. Присутните со своите телефони, направија таканаречено „ѕвездено небо“, како знак на сеќавање на младите 62 лица кои несреќно го изгубија животот во страшниот пожар, во дискотеката Пулс.

На мировниот протест имаше многу слогани, каде бараат правда за Кочани, а со порака дека децата не ги уби несреќата туку корупцијата. Според организаторите ова не било несреќа туку масакр, убиство на млади лица кои допрва го започнуваа со својот живот.

Мировен протест (ѕвездено небо) во Скопје, во знак на почит за загинатите во пожарот кој изби во дискотеката Пулс во Кочани.
„Ѕвездено небо“ – Мировен протест во Скопје, во знак на почит за загинатите во пожарот кој изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пред шест месеци на 16.03.2025 година.

На овој собир претходно преку социјалните мрежи повикаа од иницијативите „Кој е следен?“ и „Студентско Пленумско Движење“, кои порачаа дека покрај тага, постои и гнев поради непостапувањето на органите на власта.

Освен во Скопје, вчера мирен собир имаше и во Кочани, познатиот „Марш на Ангелите“, каде родителите на загинатите деца секој викенд имаат протести во Кочани и се уште бараат правда за нивните деца. Мирен протсет вчера имаше и во Штип, каде исто беше направено „ѕвездено небо“, за младите лица кои го загубија својот живот во пожарот во дискотеката Пулс.

Mars kocani 6 meseci 9
Марш на Ангелите – Кочани

За трагедијата во Кочани на 13 јуни беше поднесено обвинение за 34 лица, но тоа сè уште чека оценка од Основниот кривичен суд во Скопје, кој може да го прифати обвинението или да го врати на доработка.