Шефот на Ла Лигата остро ги критикува Сити и ПСЖ

СпортФудбал

Претседателот на Ла Лигата, Хавиер Тебас, остро ги критикуваше ПСЖ и Манчестер Сити за, како што изјави, неодржливи деловни практики и манипулација со правилата.

Тој тврди дека Сити и ПСЖ со години работат со огромни загуби и ги заобиколуваат правилата на финансискиот фер-плеј.

„Манчестер Сити работи со загуба со години откако дојдоа новите сопственици. Тоа не е нормално, ниту фер. ПСЖ е уште поекстремен случај – тие бележат загуби од 200 милиони евра седум години по ред. Како можеме да се натпреваруваме со такви клубови на рамноправна основа?“, праша Тебас.

Тој забележува дека ова ја загрозува рамнотежата на европскиот фудбал.

„Можете да губите пари една или две сезони, но не и десет. Тоа не е модел, тоа е измама. Самата Премиер лига е веќе загрижена за своето високо ниво на долг, бидејќи постојано работат со загуба“, додаде тој.