Серхио Рамос стана пејач
Серхио Рамос се впушта во музика: најави нов латино хит „Cibeles“
Поранешниот стопер на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија, Серхио Рамос (39), ги изненади обожавателите со најавата дека влегува во светот на музиката. Иако сè уште активно игра за мексиканскиот клуб Монтереј, Рамос очигледно има и други амбиции надвор од фудбалот.
На социјалните мрежи тој објави видео во кое пее на шпански јазик, претставувајќи го својот прв сингл со наслов Cibeles. Многумина претпоставуваат дека песната е инспирирана од неговото заминување од Реал Мадрид, особено поради стихови како: „Постојат работи што никогаш не ти ги кажав, а сè уште ме болат.“
Видеото за кратко време собра милиони прегледи и предизвика жестоки реакции. Некои коментари беа мошне критички: „Едвај те разбираме кога зборуваш, а сега и пееш?“, „Зошто трошиш пари на ова?“ и „Време е да застанеш.“
Сепак, имаше и поддршка. „Едвај чекаме! Доаѓаат нови латино хитови,“ напиша еден негов фан.