Семејната драма со Бекамови продолжува, дали Бруклин е заробен во новиот дом?
Бруклин Бекам и Никол Пелц се во центарот на семејна драма откако купиле луксузна вила во Л.А. Дали Бруклин е „заробен“ во својот нов дом и брак?
Синот на фудбалската и модната икона, Бруклин Бекам, повторно е во центарот на медиумско внимание – не поради кариера или нов проект, туку поради растечкиот јаз помеѓу него и неговите славни родители, Дејвид и Викторија.

Бруклин (25) и неговата сопруга, актерката и богата наследничка Никол Пелц (30), наводно се оддалечиле од остатокот на семејството, по серија на забележливи отсуства од важни семејни настани. Тие не се појавија ни на 50-тиот роденден на Дејвид, ниту пак на свеченоста кога доби витештво од британското кралство. Сепак, она што навистина ја подгреа ситуацијата е купувањето на нивниот луксузен дом вреден 10,5 милиони фунти во Лос Анџелес – потег што, според блиски извори, ја „скршил“ Викторија.
Извор близок до семејството за британскиот Mirror изјавил дека со оваа купопродажба дефинитивно згаснале сите надежи дека преселбата на Бруклин во САД е само „привремена фаза“. „Оваа вила е симбол на нивната одлука да го градат својот живот далеку од Лондон и од фамилијата,“ вели изворот.
Интересно е тоа што, според The Sun, новиот дом формално ѝ припаѓа на Никол, а не на Бруклин. Токму ова предизвикало шпекулации дека тој можеби е „заробен“ во еден свет што не е негов. Дејвид и Викторија, кои често ја истакнуваат важноста на самостојноста и вредноста на напорната работа, наводно не сакале да му „подаруваат милиони“ за купување на имот.

Во меѓувреме, Бруклин ништо не спомнува за витештвото на татко му, нешто што дополнително ја налутило Викторија. Според Heat Magazine, таа е „скршена и лута“, бидејќи се уште не добила ни повик, ни извинување. „Целото семејство е потресено. Никој не очекуваше конфликтот да стане толку токсичен,“ велат извори блиски до семејството.
Иако односите можеби изгледаат заладени, официјални изјави од претставниците на четворката се уште нема. Но, еден факт останува јасен – зад златните порти на холивудските вили не секогаш се крие убав и среќен живот.