Само за жени како да доживееш интезивен оргазам
Научи како да доживееш најинтензивен оргазам со техники за мастурбација, предигра, комуникација, клиторисна и G-точка стимулација – практични совети за жени.
Оргазмите се како природна супермоќ – не зависат од тоа дали си соло или со партнер. Но, има една посебна магија во оние што те тресат до срж, па те оставаат без воздух, со нозе што се тресат и ум кој не функционира пет минути после тоа. Секоја жена е различна, секое тело е уникатно – ама кога ќе го погодиш својот ритам, ќе знаеш.
1. Размрдај ја мастурбацијата – и направи си ја рутина
Сексот со партнер е супер, ама мастурбацијата е твојот личен тренинг. Без притисок, без сценарио – само ти, твоето тело и евентуално вибратор со полна батерија.
Научи што точно ти одговара: допир, притисок, ритам. И не заборавај: тоа знаење го носиш со себе и кога си со партнер. Како што вели секс-терапевтот Иан Кернер – познатата „Шеј доаѓа прва“ филозофија – прво себе си, па сите други.

2. Вклучи ја фантазијата – мозокот е најголемиот ерогена зона
Фантазијата не е резервирана само за време на досадни состаноци. Искористи ја! Менталната возбуда може да биде подеднакво моќна како и физичката.
Не мора да се гледа само порно. Пробај аудио-еротика, читај еротски раскази, замислувај сцени што те возбудуваат. Твојата „ментална еротска библиотека“ може да ти биде тајното оружје кога ќе посакаш да се изгубиш во моментот.

3. Предиграта не е загревање
Престани да ја третираш предиграта како нешто што е досадно. Напротив таа треба да биде главно јадење. Направи го целото тело ерогена зона: врат, уши, гради, бутови… Секој допир, секое шепотење, секое чекање го прави финалето експлозивно. Колку повеќе возбуда, толку поголема експлозија.

4. Кажи што ти треба – комуникацијата е клучот на кулминацијата
Ако партнерот ти чита мисли – супер. Ако не – зборувај. „Пробај вака“, „повеќе таму“, „немој така“. Сексот не е шоу за Оскар, туку интеракција. И баш така, кога ќе кажеш што сакаш, шансите за оргаазам растат експоненцијално. Не е време за срам – е време за задоволство.
5. Лубрикант – твојот таен сојузник
Мислиш дека не ти треба? Грешиш. Дури и ако по природа си влажна, лубрикантот ја прави играта побезбедна, помазна и милион пати поудобна. И, да бидеме искрени, ништо не убива момент како сувост и триење. Влажно значи лесно, а лесно значи оргазам.

6. Клиторисот
Се вика „клиторис“, ама можеш слободно да го наречеш и „главниот диригент“. Со над 8.000 нервни завршетоци, тој знае што прави. Фокусирај се на него – со прсти, со јазик, со вибратор, со фантазија. Додека партнерот е во тебе, нека го стимулира и однадвор. Или, ти вклучи вибратор додека се случува пенетрацијата. Дупла стимулација = дупла шанса за оргазам што ќе те фрли од кревет.
7. G-точка – истражи ја територијата
Да, постои, и да – вреди да ја најдеш. Тоа е спонгиозна зона на предниот ѕид од вагината, и кога ќе се стимулира на вистински начин (со „дојди тука“ движење), може да предизвика длабоко, пулсирачко задоволство.
