РецептСалатаХрана

Салата од свежи Смокви и Рукола

Искористете ја сезоната на Смокви и подгответе салата со Рукола, пармезан, ореви и прелив со мед и балсамико. Горчината на руколата ја истакнува слаткоста на смоквата и ја прави оваа салата задолжителна за крајот на летото.

За овој Рецепт (за 6 лица) е потребно:

  • 180 гр Рукола
  • 12 свежи смокви
  • 30 гр пармезан, рендан
  • 3 лажици потпечени ореви
  • 3 лажици мед
  • 3 лажици балсамико оцет

Подготовка

  • Соединете ги состојките за салата
  • Исечете ги смоквите на четвртинки
  • Во поголем сад додадете ја руколата, исечканите смокви, пармезанот и боровите ореви

Подгответе го преливот

Во сад измешајте мед и оцет. Прелијте ја салатата и послужете.

Прочитај ме:  Кроасаните не се Француски – Што значи нивниот облик?