Рецепт за Коктел Космополитен
Коктел Космополитен или неформално Космо, е Коктел кој се состои од Водка, Ликер од Портокал, сок од Брусница и свежо исцеден сок од Лимета.
За овој Рецепт е потребно:
- 40ml Водка
- 15ml ликер од портокал (Cointreau или Triple Sec)
- 15ml свежо исцеден сок од Лимета
- 30ml Сок од Брусница
- Мраз
- кора од Лимон за декорација
Подготовка
Додадете ги сите состојки во шејкер за коктели.
Наполнете го шејкерот за коктели со мраз. Добро протресете, околу 3 минути и исцедете во голема широка чаша за коктел, како онаа во која се служи Мартини.
Декорација
Украсете со кора од лимон, лимета или портокал.