СпортФудбал

Реал ја шокира јавноста: Ендрик заминува на позајмица!

Ендрик ќе замине на позајмица во Лион по само 22 минути на терен оваа сезона во Реал Мадрид.

Бразилскиот талент Ендрик, кој Реал Мадрид го купи од Палмеирас за 60 милиони евра пред три години, веќе во јануари ќе замине на позајмица во Лион.



Според шпанскиот весник АС, 19-годишниот напаѓач оваа сезона има настапи само на два натпревари и вкупно поминати 22 минути на теренот – драматично помалку од минатата сезона под водство на Карло Анчелоти.

Иако Реал го купи како најголем млад талент минатото лето, конкуренцијата со Мбапе, Винисиус, Родриго и Гонзало Гарсија му ја ограничуваше шансата за играње. Ендрик инсистира на позајмица за да се врати на теренот и да обезбеди повик во бразилската репрезентација за претстојното Светско првенство.

Очекувано, ова е еден од најшокантните потези на Реал Мадрид оваа сезона, кој ќе го следат навивачите ширум Европа.