Пукање во дворот во Болницата во Прилеп
Вистинска драма се случи денес, во дворот во Болницата во Прилеп.
Во Прилеп пред неколку минути, се случуваше вистинска драматична вооружена пресметка меѓу две групи лица во дворот и околу градската болница, пренесува прилепскиот портал Маркукуле, кој објави и видео од настанот.
Врие од припадници на МВР во дворот и околу прилепската болница, откако две поголеми групи во близина на болницата се обиделе да се пресметаат.
Според објавата, во судирот било користено и огнено и ладно оружје, а полицијата била принудена веднаш да интервенира за да ја стави ситуацијата под контрола и да спречи поголеми последици.
Полицијата го обезбедува целиот простор околу болницата за да не дојде до поголема опасност“, објави порталот.
Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјални детали околу мотивите на пресметката и дали има повредени лица. Се очекува повеќе информации во текот на денот.