Пукање пред Општина Куманово, ранет советник на ДУИ

ВестиМакедонија

Престерелка пред Општина Куманово, ранет советник на ДУИ, во него пукале две лица!

Денеска се случила престрелка пред Општина Куманово, а ранет е носител на советничката листа на коалицијата на ДУИ во Општина Липково. Според информациите кои ги имаме станува збор за Зекирија Шаахини, од коалицијата на ДУИ, носител на советничката листа на коалицијата во Општина Липково.

– Денеска (07.10.2025) во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф “, управувано од З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош. Полициски службеници излегоа на местото и се работи на расчистување на случајот, стои во соопштението на Мвр.

Засега не е јасна причината за пукањето.