Пукале со пиштол на веселба, раниле 16 годишно дете

ВестиМакедонија

Пукале со пиштол на веселба во Кичевско, раниле 16-годишно момче.

Вчера рано наутро, лишани се од слобода, двајца жители на кичевското село Трапчин Дол, кои пукале со пиштол на семејна веселба и раниле 16-годишно момче, соопшти МВР.

Во соопштението на МВР стои :

„На 22.07.2025 во 02:30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол. При семејна веселба во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. од пиштол испукал неколку куршуми, кои по одбивање од подот, повредиле 16 – годишно момче од селото Стрелци, кое било пренесено во Општа болница во Кичево. Увид на местото извршиле полициски екипи и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави“,