Премиерот Стармер во вирален скандал со „6-7“ танцот

Занимливости

Кир Стармер стана вирален по изведбата на „6-7“ танцот во училиште и потоа се извини. Настанот отвори дебата за дисциплина и дигитална писменост.

Британскиот премиер Киер Стармер неочекувано стана интернет сензација по неговото учество во популарниот TikTok-мем „6-7“, изведен за време на посетата на основното училиште Welland Academy во Питерборо. Видеото, на кое премиерот со насмевка им се придружува на учениците во танцот, моментално експлодираше на социјалните мрежи и предизвика масовни реакции.

Мемето „6-7“ произлегува од песната „Doot Doot (67)“ на американскиот рапер Скрила. Овој тренд стана вирален на TikTok поради препознатливиот рефрен инспириран од висината на НБА ѕвездата ЛаМело Бол. Но неговиот ефект врз училниците не е толку безгрижен – наставниците низ Британија со месеци предупредуваат дека мемето предизвикува хаос, нарушена дисциплина и целосна неможност да се одржи внимание на час. Некои училишта дури и го забранија повторувањето на фразата или танцувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Keir Starmer (@keirstarmer)

Стармер, свесен за бучавата што ја подигна видеото, подоцна се извини, истакнувајќи дека „немал намера да го поттикнува трендот кој им создава проблеми на наставниците“. Иако се работи за краток и спонтан момент, виралноста го претвори премиерот во TikTok лик, со хаштагови како #KeirSixSeven кои преплавија социјални мрежи. Дел од јавноста го поздрави како „релаксиран и човечки“, додека други сметаат дека ваквите гестови ја поткопуваат дисциплината во училиштата и ги разгоруваат дигиталните однесувања кои веќе и онака создаваат потешкотии.

Интересно е што самата посета имаше сосема друга цел: Стармер промовираше проширување на програмата за бесплатни училишни оброци за дополнителни 500.000 ученици. Но политичката порака брзо беше засенета од мем-културата.

Настанот повторно го отвори прашањето за влијанието на TikTok врз младите, одговорноста на јавните личности и неопходноста од подобра дигитална писменост – не само кај учениците, туку и кај лидерите кои несвесно стануваат дел од ваквите трендови.