Правилна skincare рутина: Што велат дерматолозите?
Откриј како изгледа идеалната skincare рутина – од утрински до вечерни чекори. Дерматолошки водич за здрава, хидрирана и заштитена кожа.
Дали се изгуби во морето на креми, серуми и тоници? Не се грижи – не си сам(а). Правилната рутина за нега на кожа не мора да биде ни скапа, ни комплицирана – туку конзистентна и паметно организирана, велат дерматолозите. Без разлика дали сакаш минималистички пристап со три чекори или си љубител на 10+ производи, клучот е во редоследот и разумниот избор според твојот тип на кожа.
Зошто е важен редоследот на нанесување?
Најважно за кожата е правилен распоред. Производите се нанесуваат од најлесна до најтешка текстура – прво серум, па хидратантни креми, и најпосле масла или SPF. Во спротивно, ризикуваш да направиш бариера што ќе ги блокира активните состојки.

Утринска рутина:
Цел: хидратација + заштита од сонце и загадување
1. Чистење:
Измиј се се со нежен гел или пенаст чистач – отстранува себум и нечистотии собрани преку ноќ.
2. Тоник (опционално):
Алкохол-фри формула што балансира pH вредност и освежува.
3. Серум со витамин C:
Моќен антиоксиданс што осветлува тенот и го подобрува дејството на SPF.
4. Крема за очи (опционално):
За темни кругови, надуеност или први брчки.
5. Хидратантна крема:
Гел за мрсна кожа или крема за сува кожа
6. SPF крема (најважно!):
Широк спектар (UVA + UVB), минимум SPF 30.
Ноќна рутина: Рестарт и обнова

Цел: длабинско чистење + регенерација
1. Двојно чистење:
Прво со масло/мицеларна вода за шминка, потоа со гел/пенаст чистач.
2. Пилинг или маска (1-3x неделно):
Отстранува мртви клетки, чисти пори, стимулира обнова.
3. Тоник (опционално):
Хидрира и подготвува кожа за серуми.
4. Активни серуми:
Ретинол: против стареење и акни
Ниацинамид: за смирување и уедначување
Хијалуронска киселина: хидратација
Важно: Немој да мешаш ретинол и хијалуронска киселина
5. Крема за очи:
Со ретинол, пептиди или кофеин – по потреба.
6. Ноќна крема:
Богата, хранлива – ја храни кожата додека спиеш.
7. Масло за лице (опционално):
Како последен чекор пред спиење, ако имате сува кожа, ова помага да се задржи влагата.