Повреден 64 годишен човек, откако лим падна врз него

ВестиМакедонија

Повреден 64 годишен човек, откако лим падна врз него додека се возел со велосипед на пeшачка патека.

Утрово беше повреден 64 годишен велосипедист, откако врз него летна лим од градилиште. Човекот се движел со велосипед на пешачка патека, во близина на градилиштето на поранешно „Беко“ во центарот на Скопје, кога парче од лимовите со кое е заградено градилиштето летнало право врз него. Човекот паднал и од падот извесно време бил во бессознание и се здобил со исекотини по телото.

Од МВР не известија дека ;

„На 15.07.2025 околу 7.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачката патека на улица Даме Груев во Скопје, додека С.П. (64) се движел со велосипед, врз него паднал лим од заштитна ограда со која е оградено градилиште. С.П. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помоши и дека се работи на случајот”.

Инаку ова градилиште воопшто не е обезбедено и постојано летаат парчиња од лим кога дува ветер. Објектот е без градежна дозвола и против него веќе имаше поднесено Обвнинение дека се гради на диво. Инвеститорот веќе две години почна да го урива тоа што го има изградено на диво, но нема никакво обезбедување на градилиштето.