Починало едноиполмесечно бебе
Вчера, починало едноиполмесечно бебе на Детската клиника.
Почина едноиполмесечно бебе на Клиниката за детски болести во Скопје, тоа синоќа било донесено без знаци на живот. За настанот била известена и полицијата, а телото е предадено на обдукција.
-На 29.07.2025 во 07.30 часот во СВР Скопје, од Детска клиника Скопје било пријавено дека кај нив во 06.40 часот било донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на бебето било предадено на обдукција, информираат од МВР.