Пита со Тиквички и Сланина
За подготовка на оваа Пита со Тиквички и Сланина ќе ви бидат потребни само 15 минути и еден голем сад во кој ќе ги соедините сите состојки. Идеален е како топло предјадење или лесен ручек кој може да се послужи со зелена салата, Јогурт или Павлака.
За овој Рецепт е потребно:
- 5 Јајца
- 150gr обично Брашно
- 1½ лажичка Прашок за Пециво
- 380 gr рендана Тиквичка
- 1 главица Кромид
- 200 gr Сланина
- 90 gr Рендано Сирење
- 40 ml Маслиново Масло
- Сол по вкус
- Бибер по вкус
Подготовка
Загрејте ја рерната:
Загрејте ја рерната на 170 степени.
Подгответе го зеленчукот и сланината:
Исчистете го и ситно исечкајте го кромидот, сланината исечкајте ја на коцки, а ренданите тиквички добро исцедете ги со раце.
Соединете ги состојките:
Во сад со средна големина изматете ги јајцата, додадете го брашното измешано со прашокот за пециво и матете со жица додека не се соединат состојките. Измешајте ги ренданите тиквички, кромидот, сланината, сирењето и маслото и зачинете со сол и бибер.
Истурете ја смесата:
Лесно намачкајте и обложете хартија за печење со големина од 30 x 20 cm и истурете ја смесата во неа.
Печете:
Ставете во рерна 30 минути.
Послужете:
Извадете, оставете кратко да се излади, исечете и послужете.
Препорака:
Оваа неодоливо вкусна Пита со Тиквички и Сланина послужете ја топла за појадок, не врела, со Обичен Јогурт и неколку Црни Маслинки по вкус.