Пекол во Хонг Конг: 36 загинати, 279 исчезнати во огромен пожар

ВестиСвет

Пожар во облакодери во Хонг Конг остави 36 жртви и 279 исчезнати, создавајќи хаос, паника и масовна евакуација во целиот комплекс.

Огнен ужас го погоди станбениот комплекс Wang Fuk Court во северниот дел на Tai Po District, Хонг Конг – најмалку 36 луѓе загинаа, додека 279 се пријавени како исчезнати. Пожарот избувна попладне, а пламените јазици и густ чад брзо се рашириле низ надворешното дрвено скели и безбедносната мрежа околу зградите.

Пожар во Хонг Конг Горат Облакодери

Високите температури и нестабилната конструкција – делумно поради реновација – значително ја отежнаа акцијата за спасување. Повеќе од 140 противпожарни возила и над 60 амбулантни возила беа на терен, а десетици повредени се пренесени во болници.

 


Комплексот има околу 2 000 станови во осум високи блокови, каде живеат речиси 4 800 луѓе – многумина стари лица. Огнот ја зафати зградата околу 14:50 часот и беше подигната аларм-нивото на „5“, највисоко можно.

Пожар во Хонг Конг Горат Облакодери

Локалните власти итно отворија привремени засолништа за околу 900 евакуирани жители. Веќе е формирана истражна комисија за да се утврди дали безбедносните стандарди биле кршени – со посебен фокус на опасностите од користење на дрвено скели и лесно запаливи материјали.

Градот е во шок. Ваква трагедија не памети со децении – многу семејства останаа без дом, многумина исчезнати, а неизвесноста е сурова.