Печалбар од Швајцарија, прегазил дете.
Печалбар од Швајцарија со БМВ, прегазил дете во Гостивар!
Дете од Гостивар, било прегазено од лице дојдено од Швајцарија. Возачот на БМВ, со швајцарски таблички удрило дете пешак, при што детето се здобило со сериозни повреди. МВР во своето соопштение нагласува:
„На 17.07.2025 во 21:34 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Џ.И.(33) од с.Форино, гостиварско, со престој во Швајцарија, удрило во малолетен пешак од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а тие биле констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од екипа од ОВР Гостивар“, пишува во полициското соопштение.