Палачинки со Боровинки

ДесертРецептХрана

Овој пат во рецептот за класични американски палачинки додадовме боровинки. Меките и воздушни палачинки се одлична идеја за сладок појадок, а можете да ги послужите со шлаг, друго овошје, мед или јаворов сируп.

За овој Рецепт е потребно:

  • 75 g обично брашно
  • 75 гр остро брашно
  • ½ лажичка сол
  • 1 лажица прашок за пециво
  • 1 лажица шеќер
  • 1 јајце
  • 240 мл млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 ½ лажичка стопен путер
  • 100 гр свежи боровинки
  • Свежи боровинки (за сервирање)
  • Мед или јаворов сируп (за сервирање)
  • Масло за пржење

Подготовка на рецептот:

Измешајте ги сувите состојки

Во поголем сад просејте ги брашното и прашокот за печиво, додадете сол и шеќер и измешајте.

Изматете ги јајцата

Во друг помал сад со жица за матење изматете ги јајцата со млекото и екстрактот од ванила.

Измешајте

Додадете ја смесата со млеко во брашното и мешајте додека не се соединат состојките.

Додадете путер и боровинки

Со шпатула измешајте ги растопениот путер и свежите боровинки, покријте ја смесата со најлонска фолија и оставете ја на страна 30 минути. Смесата треба да биде густа за да можете да обликувате помали палачинки.

Печете

Лесно подмачкајте ја тавата за палачинки, ставете ја на средна топлина и додадете половина кугла од смесата. Гответе ги палачинките околу 3 минути од секоја страна, ќе знаете да ги превртите кога на површината ќе почнат да се создаваат мали меурчиња.

Послужете

Послужете ги палачинките со свежи боровинки, мед или јаворов сируп.