Оваа секс поза според експертите може да лечи и главоболка

Љубов и Секс

Заборавете на изговорот „Неможам ме боли глава“ – оваа поза според последните истражувања може да помогне!

Кога главоболката ќе затропа на вратата, последното нешто што ни паѓа на ум е интимноста. Ајде да бидеме искрени – ретко кој има желба за каков било физички контакт, а камоли за секс. Но што ако токму оргазмот е она што ќе ви ја намали глаболката?

Според неколку медицински студии и сексуални истражувања, оргазмот ослободува ендорфини – природни хемиски соединенија во телото што делуваат како аналгетици. Тие не само што го подобруваат расположението и го намалуваат стресот, туку и активно ја потиснуваат болката. И, верувале или не, ефектот може да биде побрз и поефикасен од обичните лекови против болка.

Но, да бидеме реални – кога ве боли глава, не ви е до акробации во кревет. Токму затоа, експертите препорачуваат нешто нежно, удобно и со минимално движење – како позата „лажичка“.

секс поза лажица
секс поза лажица

Во оваа положба, двајцата партнери лежат на страна, при што мажот ја прегрнува жената одпозади. Покрај тоа што создава чувство на безбедност и блискост, оваа поза овозможува контрола врз ритамот и длабочината на движењето, а рацете остануваат слободни за дополнителна стимулација. Телесниот контакт е максимален, движењата се минимални, а резултатот – е намалување на главоболката.

Значи, следниот пат кога ќе се појави главоболката, може треба со партнерот да ја пробате оваа поза, не посегнувајте одма по лекови, велат експертите.