Ова е моментот кога момче пука во директор на училиште затоа што го отпуштил татко му
Вознемирувачка содржина, момче од Турција пука во директор на училиште затоа што го отпуштил татко му Видео!
Директор на основно училиште во Турција беше застрелан пред неговите три деца утрово, а грозоморниот напад е снимен со мобилен телефон. Полицијата трага по К. К. (17), за кого постои сомневање дека испукал најмалку четири куршуми кон Ф. О. пред да избега.
Се сомнева дека снимката ја направил другарот К. К., кој утрово отишол со него во зградата на директорот.
Видеото го прикажува директорот како далечински го отклучува автомобилот, кон кој прво се приближува неговото најстаро дете и седнува на задното седиште. Потоа Ф. О. е снимен како ја преминува улицата со своите две помлади деца, држејќи се за раце.
Откако ги сместил децата во автомобилот, ја отворил вратата за да седне зад воланот, но во тој момент му се приближил еден млад човек, извадил оружје што го криел под облеката и испукал неколку куршуми кон него.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СОДРЖИНАТА НА ОВА ВИДЕО МОЖЕ ДА ЈА ВОЗНЕМИРИ МАЛОЛЕТНАТА ПУБЛИКА!
Okul müdürüne çocuklarının gözü önünde s*lahlı saldırı; o anlar kamerada pic.twitter.com/MwV4z9lpTI
— Egepostası (@egepostasicom) October 16, 2025
Ф. О., погоден од куршуми, паѓа во автомобилот, а напаѓачот потоа бега од местото на злосторството.
Да потсетиме, турските медиуми објавуваат дека К. К. е син на менаџер на училишна кафетерија, со кого Ф. О. наводно претходно се скарал околу договор. Постојат шпекулации дека отказот завршил со тепачка.
Според последните информации, Ф. О. бил однесен во болница во сериозна, но стабилна состојба и бил опериран. Истрелите го погодиле во рацете и нозете.