Откриваме што рекоа љубовниците кога ги фати камерата.
Извршен директор и колешка фатени во интимен момент на концерт на Coldplay. Скандалот стана вирален, а сопругата на директорот исчезна од мрежите.
На едно од најромантичните места за уживање – концерт на Coldplay – се случи нешто што повеќе наликува на епизода од сапуница отколку на вечера со музика: извршниот директор на технолошката компанија Astronomer, Енди Бајрон, беше фатен на дело – буквално – во прегратка со шефицата на човечки ресурси од истата компанија, Кристин Кабот.
Сцената се одигра среде концерт во Бостон, кога камерата на бина фати интимен момент помеѓу двајцата – момент кој не беше ни малку случаен. Во мигот кога се видоа на големото платно, Бајрон, препознавајќи се, изусти низ заби:
„Е*ем ти, тоа сум јас.“
Кабот само прошепоти:
„Ова е непријатно.“
Непријатно? Прилично. Особено ако се земе предвид дека и двајцата се во брак со други луѓе. Дополнително масло на огнот фрли и фронтменот на Coldplay, Крис Мартин, кој – откако ги здогледа на екранот – саркастично добаци:
„О, погледнете ги овие двајца. Или имаат афера, или се многу срамежливи.“
Публиката, се разбира, експлодираше во смев, додека Бајрон панично ги тргна рацете и се обиде да се сокрие зад ограда. Кабот си го покри лицето со дланки.
Не требаше многу време снимката да стане вирална. Мемеви, твитови, ТикТок клипови – сè беше преплавено од “звездената” љубовна драма. Особено откако беше потврдено дека Бајрон е во брак со Меган Кериган Бајрон, со која има две деца. И Кабот, исто така, е мажена.
Меган, не губејќи време, прво го избриша презимето „Бајрон“ од социјалните мрежи, а потоа – и сите свои профили.
Сега, „астрономите“ можат да гледаат ѕвезди, ама под поинаков агол – под светлината на јавен срам и интернационален скандал. Дали ќе има откази? Разводи? Нови љубовни песни инспирирани од Coldplay? Времето ќе покаже. Едно е сигурно – следниот пат кога ќе ве фати камера на концерт, внимавајте кого држите за рака.