Откриено што правела Мерилин Монро пред смртта
Шокантни откритија од новата книга за Мерилин Монро ги разоткриваат нејзините последни денови, врската со Кенеди и познатиот настап со „Happy Birthday“.
Во најновата книга „Последните денови на Мерилин Монро“ од Џејмс Патерсон и Имоген Едвардс-Џоунс, се отвораат врати кон скриените ходници на животот на најпознатата блондинка на 20 век. Ништо не е црно-бело кога станува збор за неа – ни смртта, ни љубовта, ни политиката. Само Мерилин можеше да биде истовремено и сензуална фантазија на милиони и трагична фигура затворена зад фасадата на слава.
Меѓу психијатриски ѕидови и холивудска прашина
Според авторите, Монро извесен период поминала во психијатриска клиника – исцрпена, зависна и на работ на самоубиство. Не била во затвор од стакло, туку во сопствен ум. Извадена од болницата со само еден повик – токму од нејзиниот поранешен сопруг, бејзбол легендата Џо ДиМаџо – таа се враќа во Холивуд, директно во романса со Френк Синатра. Паралелно, телото ѝ се распаѓа: со тешка неухранетост, операција на жолчното кесе и хроничен замор.
Роденденската експлозија пред Кенеди
И тогаш – гламур. Познатиот настап во Мадисон Сквер Гарден, каде што Мерилин, облечена во фустан со кристали, му пее „Happy Birthday, Mr. President“ пред 15.000 луѓе. Сексапилот експлодирал на сцената – а зад сцената, почнува политичко-еротската сага со Џон Ф. Кенеди.
Книгата разоткрива дека Кенеди ја поканил Мерилин во Палм Спрингс – без првата дама. Таа пристигнала маскирана: кафена перика, темни очила, како шпионка од роман. Односот меѓу нив се продлабочил, и покрај предупредувањата од Тајната служба, додека Монро неуморно се вртела околу оската на својата опсесија.
Џеки и отворениот фронт
Еден момент вреден за филм: Мерилин и се јавува на Џон, но наместо него – од другата страна се јавува Џеки Кенеди. Според книгата и рекла со иронична студеност:
„Марилин, омажи се за Џек. Всели се во Белата куќа, преземи ги сите мои обврски. Јас ќе си заминам, а ти справувај се со проблемите.“
Џеки наводно подоцна на сестра и признала: „Животот е прекраток за да се замарам со Мерилин Монро.“
Икона до последниот здив
Иако ментално и физички истрошена, Монро остана симбол на американската културна митологија. Нејзиниот последен настап остана како запечатен кадар од една ера каде што славата, сексот и политиката беа смртоносно испреплетени.