Орландо Блум во центарот на скандалот во Венеција: Мистериозната жена откриена!

ЗанимливостиСелебритиФото

Орландо Блум фатен во интимен момент со поранешната стилистка на Кети Пери на свадбата на Џеф Безос во Венеција. Љубовниот триаголник што го тресе Холивуд.

Во сјајот на 20-милионската свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција, вниманието неочекувано го украде новопечениот сингл Орландо Блум. Британскиот актер (48), кој штотуку ја раскина врската со Кети Пери, беше фатен во прегратка со мистериозна бринета. И, се разбира, медиумите полудеа.

Орландо Блум и Џејми Мизрахи  во такси на вода
Орландо Блум и Џејми Мизрахи во такси на вода

Според MailOnline, дамата во прашање е(36) — холивудска стилистка, долгогодишна пријателка на Кети Пери, а и блиска до војвотката од Сасекс, Меган Маркл. Џејми, која живее во Монтецито, е мајка на две деца и е во брак со Нико Мизрахи. За „инсајдерите“, таа е позната како „Sweet Jamie“, а списокот на нејзини клиенти вклучува имиња како Адел, Џенифер Лоренс и Бритни Спирс.

Кети Пери со Џејми Мизрахи
Кети Пери со Џејми Мизрахи

Блум бил фатен како се гушка со стилистката на својата поранешна свршеница, што во Холивуд е речиси ниво на шпанска серија.

 Џејми Мизрахи
Џејми Мизрахи

 Во Венција Блум е со повеќе од една мистериозна жена

Ако мислиш дека тука завршува сапуницата — епа не. Блум исто така бил забележан со Даша Жукова, поранешна сопруга на рускиот олигарх Роман Абрамович. Даша сега е во брак со грчкиот милијардер Ставрос Ниархос, а во нивно друштво често беа и Орландо и Кети (додека сè уште беа пар). Според извори, тие се само добри пријатели – но сликите од Венеција тешко дека ќе ѝ донесат мир на Кети, која патем е на турнеја во Австралија и се обидува да изгледа како сè да е во ред.

Даша Жукова
Даша Жукова

Свадбата на Безос – перфектна позадина за славни драми

Џеф Безос и Лорен Санчез
Џеф Безос и Лорен Санчез

Свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез беше дизајнирана да биде „свадба на деценијата“, но италијанското време реши поинаку. Силни дождови и громотевици ги натераа гостите, меѓу кои Ким Кардашијан, Том Брејди, Леонардо Дикаприо, Опра и Иванка Трамп, да се засолнат под сводови и чадори на вчерашната забава која беше почеток на тоа што ќе следува денес, а тоа е венчавката.

Иванка Трамп
Иванка Трамп

Сепак, Блум не дозволи невремето да го расипе моментот – забележан беше во лежерна облека како пие капучино на тераса и се смее со келнер, а подоцна замина на прошетка со Том Брејди.

Кети во меѓувреме – без прстен, без Блум

Откако почнаа да кружат гласини за крајот на нивната врска, Пери се појавуваше без свршеничкиот прстен, а нејзината турнеја и реакциите по Blue Origin летот дополнително ги засилија шпекулациите. Сè уште нема официјални изјави од ниту една страна, но Блумовото однесување во Венеција говори повеќе од илјада зборови – или слики, во овој случај.