Нови детали од Велешката полиција и последниот исказ на Росица
Ви ги откриваме последните детали од Велешката полиција и зборовите на Росица во последниот исказ пред Суд.
Целодневно го пратиме овој крвав настан, а последните информации кои ги добивме од СВР Велес се од сегашниот партнер на убиената Росица Коцева.
На местото, како што соопшти СВР Велес, бил затекнат Ф.Т. од Велес, сегашен партнер на Росица, кој изјавил дека заедно отишле во домот на нејзиниот татко затоа што не се јавувал, а откако Росица ја отворила вратата со остар предмет ја нападнал нејзиниот поранешен партнер И.С.(39) од Скопје, по што ја заклучил вратата.
По извесно време Ф.Т. успеал да влезе, ја зел Росица и ја донел до улицата со надеж дека ќе и помогне. Во меѓувреме додека тој се обидувал да ја врати во живот, убиецот Илија се заклучил во една од собите во куќата и сам си нанел неколку убоди во вратот со остар предмет.
Од СВР Велес информираат дека потоа полициски службеници влегле во домот и го пронашле веќе починатиот К.К.(74) – таткото на Росица, кој исто така имал повреди од остар предмет.
Сите тројца биле пренесени во болницата во Велес, при што веднаш добиле итна медицинска помош, но безуспешно, лекарите констатирале смрт.
Неколку дена пред да биде убиена, Росица дала исказ во јавното обвинителство во Велес, таму ја опишала и последната средба со поранешниот партнер Илија.
Росица изјавила дека поселдниот напад бил во моментот кога на пат од Велес кон Скопје, таа сакала да излезе од неговото возило при што тој и се заканил со зборовите: „Или ќе бидеш моја, или ќе те убијам“, стравувајки дека повторно ќе ја удира, не го сторила тоа. Но, кога пристигнале во Скопје продолжил да ја малтретира, силно ја удирал по телото и повторно и се заканувал дека ќе ја убие.





