Никогаш не се карате со партнерот, тоа е лош знак!
Никогаш не се карате со партнерот? Тоа можеби не е идеално како што звучи. Откријте зошто отсуството на конфликти може да биде знак за проблем и како здраво да се справувате со несогласувањата.
Во романтичните врски, идејата дека „никогаш не се караме“ често се перципира како доказ за совршена врска. Но, вистината е малку посложена. Недостатокот на кавги не мора нужно да значи хармонија – понекогаш е знак за потиснати чувства, страв од конфликт и недостиг на автентична комуникација.
Како да се справите во кофликтна ситуација
„Постојат огромни разлики меѓу кавга и конфликт,“ објаснува д-р Фелисија де ла Гарза Мерсер, терапевтка за парови од Остин. Кавгите вклучуваат викање, обвинувања, драматични сцени и врати што се трескаат. Конфликтот, пак, е неизбежен дел од секоја здрава врска.
Од различни ставови за трошење пари, па до расправии околу каде ќе се оди на одмор – сите тие мали „закачки“ се нормални, се додека се обработуваат на зрел и искрен начин. Но, кога партнерите никогаш не се спротивставуваат еден на друг – тоа може да значи нешто друго.
Кога „мирот“ станува аларм?
Во првите месеци од врската, нормално е да си молчиш за ситници – „медената фаза“ те заслепува. Но, ако долгорочно молчиш само за да не го налутиш партнерот, или уште полошо, ако се плашиш да му кажеш што навистина чувствуваш – тука веќе не станува збор за мир, туку за самоцензура.
Според терапевтката Лиа Хуин, многу луѓе избегнуваат конфликти поради трауми од минатото – можеби израснале во семејство полно со кавги, или имале поранешен партнер кој ги игнорирал секојпат кога ќе проговореле за своите потреби. Ова доведува до една нездрава динамика каде личноста постојано премолчува – и полека се гуши во сопствената незадоволност.
Знаци дека избегнуваш конфликти
Постои нешто што те вознемирува, но не го кажуваш.
Се трудиш да изгледаш „опуштено“ дури и кога нешто ти пречи.
Те фаќа страв од реакцијата на партнерот ако кажеш што навистина мислиш.
Постојано се жртвуваш за да избегнеш расправија.
Оваа тактика, колку и да изгледа мирољубиво, обично завршува со пасивно-агресивно однесување, дистанцирање, или една голема експлозија на емоции откако чашата ќе се прелие. Проблемите што можеа да се решат со едноставен разговор се претвораат во нерешливи драматични кризи.
Како здраво да се карате (да, тоа постои!)
Користи „јас“ пораки: Наместо да напаѓаш со „Ти никогаш не…“, кажи: „Се почувствував запоставено кога…“ – тоа отвора дијалог наместо фронт.
Извини се кога е потребно: Целта не е победа, туку разбирање. Искрено „Извини што те повредив“ вреди повеќе од сто објаснувања.
Пауза, не бегство: Ако се распалиш, земи здив. Излези на прошетка, но врати се на темата. Бегањето не е решавање.