Невреме во Сплит траект потопи брод, улиците под вода
Силно невреме го парализира Сплит – потопен брод, траект удрил во два брода, улиците поплавени, градот без струја и сообраќајот во хаос.
Невообичаено силно невреме утринава го погоди Сплит, предизвикувајќи целосен колапс во сообраќајот и сериозна штета низ целиот град. Малку пред 9 часот, небото нагло се затемни и над градот почна да паѓа силен дожд, проследен со силни грмотевици и силен ветар кој рушеше сè пред себе.
Ветерот уриваше дрвја, кршеше гранки, превртуваше канти за отпадоци и кинеше лимени и фасадни делови од згради беше забележано низ повеќе квартови. Во некои делови на градот дојде и до прекини на електрична енергија.
Улиците на Сплит се претворија во мали реки – коловозите беа целосно поплавени, а одводните канали не можеа да се справат со количината вода. Снимките од теренот прикажуваат автомобили што буквално пловат, а пешаци како бегаат од надојдената вода и удари на ветрот.

Особено драматична ситуација се разви во сплитската траектна станица. Поради силниот ветер, траектот се одврзал – му пукнале конопите – и почнал неконтролирано да се движи низ пристаништето. Според директорот на Лучката управа Сплит, Вице Михановиќ, траектот прво удрил во катамаран „Крило“, а потоа и во голем туристички брод кој во тие моменти започнал да тоне.
„Силниот ветер ги скина конопите и траектот се оддели од обалата. Прво удри во катамаран, а потоа и во туристички брод кој сега тоне“, изјави Михановиќ за tportal.
Граѓаните се повикуваат на претпазливост и избегнување на непотребни движења, особено во близина на обалата и поплавените делови од градот. Надлежните служби се на терен и работат на расчистување и санација на штетите.