Неодолива Чоколадна Торта
Ова е торта што ќе ги воодушеви вашите гости – 3 сочни чоколадни пандишпан се прекриени со густ и кадифеен чоколаден крем. Декорација се прави со рендано (млечно) чоколадо.
За овој Рецепт е потребно:
- Бисквити
- 200 gr чоколадо за готвење (околу 60% какао)
- 200 грама путер
- 1 лажица инстант кафе
- 170 гр обично брашно
- ½ лажичка прашок за пециво
- ¼ лажичка сода бикарбона
- 200 грама шеќер
- 25 g какао во прав
- 3 јајца
- 75 мл млеко
- 50gr рендано млечно чоколадо (за декорација)
- Ганаш
- 200 gr чоколадо за готвење (60% какао)
- 300 ml шлаг
- 2 лажици шеќер
Подготовка:
Бисквит
Загрејте ја рерната:
Загрејте ја рерната на 160 степени (ако користите рерна со вентилатор, на 140 степени) и намачкајте калап за колачи од 20 сантиметри.
Измешајте:
Во сад со средна големина измешајте ги сечканата чоколада, стопениот путер, кафето и 125 мл ладна вода. Загрејте на тивок оган и мешајте додека сè не се раствори.
Измешајте ги сувите состојки:
Соединете ги сувите состојки, внимавајќи да нема грутчиња.
Соединете ги состојките:
Изматете ги јајцата и матеницата. Растопената чоколадна смеса и смесата со јајца измешајте ги во смесата со брашно. Мешајте додека сè не стане мазно и конзистентно.
Печете:
Истурете во калапот и печете 85 до 90 минути. За да проверите дали колачот е готов, ставете чепкалка за заби, која треба да излезе чиста кога ќе ја извадите.
Оставете да се излади:
Оставете го колачот во калапот да се излади, а потоа префрлете го на решетка да се излади целосно. Кога ќе се излади, поделете го хоризонтално на три дела.
Ганаш/Фил
Загрејте го шлагот:
За ганашот, во сад ставете ја сечканата чоколада за готвење, а во тенџере измешајте ги шлагот и шеќерот и загрејте ги додека не зовријат.
Прелијте го чоколадото:
Тргнете го од оган и прелијте го со чоколадото, мешајте додека чоколадото целосно не се растопи и кремот не се изедначи. Оставете да се излади за малку да се стврдне, но сепак можете да го истурите.
Украсете:
Соединете ги слоевите со малку ганаш, а остатокот прелијте го врз колачот, оставајќи да капе по страните. Измазнете го кремот со шпатула, внимавајќи да ја покриете целата торта. Украсете ја тортата со рендано чоколадо. Ставете во фрижидер 4 часа и послужете.