Навивачите бесни на Роналдо
Кристијано Роналдо ова никогаш го нема доживеано во својата кариера, нова сезона без трофеј, а навивачите бесни на него.
Нова сезона, ново разочарување — така би можело да се сумира расположението кај навивачите на Ал Наср, кои своето незадоволство кон насочија кон Кристијано Роналдо.
Легендарниот Португалец, кој во зимата 2023 година пристигна во Саудиска Арабија по драматичното заминување од Манчестер Јунајтед, требаше да биде симбол на новата ера. Но, трофеите останаа само надеж.

Иако со неговиот трансфер започна вистинска миграција на фудбалски ѕвезди кон Блискиот Исток, и публиката доби шанса да гледа спектакли од светска класа, резултатите на теренот не го оправдаа хајпот. Ал Наср, деветкратниот шампион на земјата, не само што не освои ниту еден трофеј од доаѓањето на Роналдо, туку и значително заостана во трката за титулата и во двете последни сезони.
Во азиската Лига на шампиони, тимот испадна рано, социјалните мрежи сега се преплавени со коментари полни со револт:
- „Не те сакаме повеќе во тимот, не доаѓај на следниот меч!“ – напиша еден навивач.
- „Те молам, замини, тука веќе никој не те сака.“ – додаде друг.
- „Направи многу во минатото, тоа го знаеме. Имаш историја, но за нас не направи ништо. Врати се во Португалија.“ – остро заклучи трет.

Ова до сега е најголемо понижување кој го доживеал Кристијано Роналдо во својата кариера од навивачите на Ал Наср.
Под притисок е и управата на клубот, особено што договорот на Роналдо истекува во јули, а преговорите за евентуално продолжување на соработката засега се целосно замрзнати.