Научно докажани факти за сексот што сигурно не сте ги знаеле

Љубов и СексСекс

Сексот одамна не е табу тема, но дури и денес, кога имаме терабајти порно и тони истражувања, се уште некој факти звучат зачудвачки.

Како што кажавме сексот веќе не е табу тема за него гласно се зборува, но има факти кои звучат како да се извадени од научно-фантастичен роман. Подгответе се за збирка од најнеобични, но вистинити сексуални факти – од еволуција до хормонски хаос!

пар

1. Сексуалната возбуда го гаси чувството за гадење

Да, токму така. Истражувањата покажуваат дека сексуално возбудените жени биле подготвени да стават рака во канта со искористени кондоми. Звучи одвратно? За нив – не баш. Возбудата блокира делови од мозокот одговорни за одбивност, што е еволутивно корисно, бидејќи сексот често не се случува во стерилна лабораторија.

2. Прејак оргазам може да ви го избрише сеќавањето

Постои состојба наречена пролазна глобална амнезија. Може да се случи после бурен оргазам, кога притисокот во мозокот ненадејно се зголемува. Резултатот? Привремен тотален ментален ресет – од 12 до 24 часа. Се вика “љубовна амнезија”, ама не го забораваш партнерот, туку што си правел пред 20 минути.

3. Атрактивни жени го кренуваат машкиот… стрес

Кога згодна жена ќе се појави, мажите несвесно испуштаат повеќе кортизол – хормонот на стрес. Телото тоа го доживува како „предизвик“, не како уживање. Проблемот? Преголем кортизол = нервоза, потење, мутаво однесување. И… фијаско на прв состанок.

4. „Coregasm“ – оргазам без секс?

Сосема реално. Истражувањата покажале дека дури 15% жени доживуваат оргазам додека вежбаат – особено при стегнување на карличните мускули (јога, возење велосипед, кревање тегови). Се нарекува coregasm – затоа што доаѓа од зборот core, не од dirty talk.

жена оргазам

5. Секс во вселената? Научна ноќна мора

Во вселената, сексот е речиси невозможен: нема триење, нема стабилност, има само два тела што се одбиваат од ѕидови. Плус, сперматозоидите не „пливаат“ како што треба, а радијацијата може фатално да влијае врз ембрион. Заклучок: Вселенски секс = научна фантастика + гинеколошка катастрофа.

6. Сексот ја крева одбранбената моќ на телото

Редовен секс (2 пати неделно, вели науката) ја зголемува количината на IgA антитела – нашиот имунолошки оклоп. Колку повеќе IgA, толку помалку настинки, грипчиња и вирусчиња. Сексот како витамин C? Да, но попријатен.

7. Честата ејакулација штити од рак

Истражување на Националниот центар за рак (САД) покажа дека мажи кои ејакулираат над 5 пати неделно имаат 33% помал ризик од рак на простата. Значи, ејакулацијата не е само за уживање, туку и за здравје. Бонус: тоа не важи само за млади момци – важи за сите возрасти.

секс пар

8. Во вас има ДНК од неандерталец (и денисованец)

Благодарение на прастари сексуални контакти помеѓу хомо сапиенс, неандерталци и денисованци, денешниот човек носи 4% неандерталска ДНК и 7% денисованска. Таа генетска мешавина можеби објаснува зошто некои луѓе имаат исклучително развиени веѓи и желба за пешачење по планини.

10. Гласот како афродизијак…

Жените обично преферираат длабок машки глас – звучи доминантно, безбедно, секси. Но… истражувањата покажуваат дека мажи со подлабок глас имаат помал број сперматозоиди. Зошто? Природата ги компензира со „маркетинг“, бидејќи и така имаат поголеми шанси да дојдат до секс.