Научниците открија како правилно да се сече кромид
Научници од Универзитетот Корнел конечно открија како да се сече кромид без солзи – со остар нож и бавно сечење.
Години на плачење во кујната може конечно да завршат. Безброј трикови кружат по интернет – од ставање кромид во фрижидер до носење скијачки очила – но тим од научници од Универзитетот Корнел конечно дојде до научно докажан метод кој навистина функционира.
Што предизвикува солзи при сечење кромид?
Кога го сечеме кромидот, од него се ослободува соединение наречено син-пропантиал-С-оксид, кое ги стимулира нервните завршетоци во очите и предизвикува рефлексна продукција на солзи. Што повеќе го „малтретирате“ кромидот – толку повеќе ќе ве натера да плачете.
Науката вели: остар нож и бавно сечење
Истражувањето, објавено на платформата arXiv, докажува дека остриот нож и споро, контролирано движење при сечење е најдобар начин за да се намали испуштањето на надразнувачките честички.
Тимот научници користел брзинска камера и специјално дизајнирани ножеви со различна дебелина и острина. Кромидите биле премачкани со црн спреј за подобра визуелизација на честичките што се ослободуваат при сечењето. Резултатот?
-
Тупите ножеви произведуваат до 40 пати повеќе честички од острите.
-
Брзото сечење резултира со четири пати повеќе капки отколку спориот пристап.
-
Тупиот нож ја притиска и ја деформира кромидната кожа, предизвикувајќи мини-експлозија на сокови.
Митот за ладниот кромид е срушен
Уште еден популарен совет е да се стави кромидот во фрижидер пред сечење. Но, според Корнел, ладниот кромид испушта дури и поголема количина надразнувачки честички во споредба со оној на собна температура. Значи, нема повеќе чување во ладилник!
Совети од научниците:
✅ Користете остар, тенок нож
✅ Сечете бавно и прецизно
❌ Не чувајте го кромидот во фрижидер