Најздравиот чипс од тиквички
Откријте го најдобриот домашен рецепт за чипс од тиквици – лесен, здрав и неодоливо крцкав! Без масло, со малку калории и многу вкус!
Досаден ви е класичниот чипс полн со масло и празни калории? Епа време е за нешто сосема ново, а сепак неодоливо вкусно! Ви го претставуваме домашниот чипс од тиквици — неверојатно крцкав, солен, ароматичен и без да имате грижа за вишокот калории.
Овој лесен и нутритивно богат рецепт е идеален како здрав меѓуоброк, прилог со главното јадење или како совршена закуска додека гледате филм.
Потребни состојки:
За основниот рецепт ќе ви требаат:
2-3 свежи тиквици
1-2 лажици маслиново масло
Сол по вкус
Црн пипер
Лук во прав
Сушено оригано
Рендан пармезан
Слободно експериментирајте со зачини — куркума, чили или сув босилек се одлични алтернативи ако не сакате оригано!

Како да ги подготвите:
Измијте ги тиквиците и исечете ги на многу тенки кругови (околу 2–3 мм дебелина). Колку потенко – толку покрцкаво!
Исцедете ја влагата: Ставете ги круговите помеѓу два кујнски крпи или хартиени салфетки и притиснете ги нежно. Вишокот вода е непријател број 1 на крцкавоста!
Во голем сад, измешајте ги тиквиците со маслиновото масло и сите зачини, вклучувајќи го и пармезанот.
Загрејте ја рерната на 120°C. На тавче со хартија за печење, распоредете ги тиквиците во еден слој.
Печете ги 50–70 минути, вртејќи ги на половина час, сè додека не добијат златна боја и крцкав изглед.
Оставете ги да се оладат неколку минути — ќе станат уште покрцкави додека се ладат.
Зошто да го пробате овој рецепт?
Без празни калории
Богат со растителни влакна и витамини
Лесен за правење дури и за почетници
Детска верзија на чипс што и возрасни ќе ја обожаваат