Најважниот трик за штедење гориво

ЗанимливостиСовет

Финансиски експерт објаснува како со еден едноставен трик, возачите можат да заштедат и до 25%.

Во време кога цените на горивата постојано растат, секоја капка бензин или дизел станува поважна од било кога. Според финансискиот експерт Камерон Смит, познат на TikTok како @cazzatime, возачите на бензински и дизел возила ова лето можат да остварат значителни заштеди на гориво со едноставно придржување кон едно правило: не возете пребрзо.

„Не возете побрзо од дозволеното. Истражувањата покажуваат дека возење со 130 км/ч троши околу 25% повеќе гориво отколку возење со 112 км/ч. Затоа – почитувајте ги ограничувањата,“ порачува Смит.

Ова се случува поради тоа што при повисоки брзини, аеродинамичниот отпор драстично се зголемува, што го принудува моторот да работи со поголем интензитет. Дополнително, моторот често излегува од оптималниот опсег на вртежи, што уште повеќе ја зголемува потрошувачката на гориво.

Останати златни правила за економично возење:

Проверката на притисокот во гумите – недоволно напумпаните гуми значително ја зголемуваат отпорноста при тркалање.
Отстранување на непотребниот товар – секој дополнителен килограм во автомобилот бара повеќе гориво.
Паметно користење на менувачот – навремено менување на степените на пренос спречува непотребно „растегнување“ на моторот.

Оптимална брзина: Помеѓу 70 и 80 км/ч

Иако старите тестови покажувале дека најекономична брзина е околу 90 км/ч, денешните податоци укажуваат дека најдобра ефикасност се постигнува при 70–80 км/ч, во зависност од типот на мотор и автомобил.

Друг корисен совет доаѓа од Греам Конвеј, портпарол на британската компанија Select Car Leasing:
„Не го газете гасот до крај. Користењето на околу две третини од максималниот притисок на педалата е сосема доволно. Забрзувајте со мера и префрлувајте што побрзо во повисок степен.“

Прочитај ме:  7 логички загатки што ќе ви го разбудат мозокот

Целта е да се избегнат агресивните забрзувања и ненадејните сопирања – тие се најголемите непријатели на економично возење.