Наједноставната вежба што согорува повеќе калории од 30 минути трчање

Здравје

Откриј зошто скокање на јаже согорува повеќе калории од трчање. Вежбај каде било, со минимум време и максимум ефект!

Заборави на долги, напорни часови во теретана и скапи справи за вежбање – сè што ти треба за целосно обликување на телото и топење на масти е едно парче опрема: јаже за скокање.

Истражувањата покажуваат дека само 10 минути на прескокнување јаже согорува дури 330 калории, што е повеќе од 30 минути трчање (околу 270 калории). И тоа не е сè – истовремено го подобруваш кардиоваскуларниот систем, координацијата, рамнотежата и рефлексите.

Наједноставната вежба што согорува повеќе калории од 30 минути трчање

Со секое скокање, работат повеќе мускулни групи: раце, нозе, стомачни, грб, задник и рамена. Прескокнувањето не е само за деца и боксери. Без разлика на твојата возраст или ниво на кондиција, лесно можеш да ја совладаш техниката и да напредуваш до напредни потези како двоен скок, скокање на една нога или со вкрстени раце.

Наједноставната вежба што согорува повеќе калории од 30 минути трчање

Пред да почнеш со скокање, еве што треба да знаеш:

  • Избери јаже по твоја мера – најдобро е да го земеш во спортска продавница каде ќе ти помогнат со должината и типот.

  • Облечи удобни патики со добра амортизација за заштита на зглобовите.

  • Телото држи го исправено, со благо свиткани колена.

  • Не гледај во подот – очите нека се напред.

  • Вртежот нека доаѓа од зглобовите, не од целите раце.

  • Слетувај на прстите, не на петите, и скокај ниско – 3–4 сантиметри се доволни.

Оваа вежба можеш да ја правиш во соба, двор, гаража, па дури и во канцеларија. Стави слушалки, пушти мотивациска музика и направи тренинг од 10 минути кој ќе те натера да се прашаш зошто предходно не си скокал на јаже.