МВР ќе вози Пежо 408, набавуваат 120 возила за 4 милиони евра
Министерството за внатрешни работи набавува нови 120 Пежо 408 за 4 милиони евра!
Министерството за внатрешни работи избра најповолна понуда за набавката на 120 возила за потребите на полицијата. Известувањето е објавено на интернет-страницата на Бирото за јавни набавки, но тоа треба да се официјализира со потпишување на договор. За набавка на овие возила Мвр ќе потроши речиси 4 милиони евра, односно 239.068.000 денари.
Во трката биле победничката „Еуроимпекс“ која настапила со моделот „пежо 408“, „Јосифов“ која настапила со моделот „шкода октавија“ и „Екселиор Холдинг груп“ со ,,мазда 3″
Во продолжение спецификации за возилото.
Патничко возило, лимузина со 5 врати
Мотор/менувач:
- Бензин со зафатнина од 1.598 см³
- Моќност: 158 kw
- Вртежен момент: 300 Nm
- Менувач автоматски осум степен
- Емисија на издувни гасови: EU6
Перформанси:
- Потрошувачка, комбинирана 7,0 l/100km
- Забрзување 0-100 km/h: 7,9 s
- Максимална брзина: 220 km/h
- Тест за пасивна безбедност Еигo NCAP: 4 ѕвезди
Димензии:
- Должина: 4.687 мм
- Висина: 1.478 мм
- Места за седење: 5
- Багажник: 536 1
- Боја: бела
Задолжителна опрема:
- Воздушни перничиња за возач, совозач и странични
- Клима уред автоматски
- Електрични стакла на сите врати
- Електрична регулација и греење на ретровизори
- Сензори за паркирање на задна страна
- Камера за паркирање на задна страна
- Тркала од лесна легура 18″