Монструозен чин, фрлиле куче од железничка станица
Ј.П. Лајка објави монструозен чин, фрлиле куче од железничка станица кое потоа почина.
Денес Ј.П. Лајка излезе со соопштение кое Ви го пренесуваме во целост, за монтрузен чин кое се случило вчера на Железничката станица во Скопје.
Вознемирувачка содржина:
Утрово добивме повик за крајно вознемирувачка случка која повторно не потсетува до каде може да оди човечката суровост.
Непознат сторител извршил монструозен чин и фрлил куче од железничката станица во Скопје.
Нашиот тим веднаш интервенираше и го префрли кучето во амбуланта, каде што беа вложени максимални напори од страна на нашите доктори. За жал, и покрај сета борба, Нори – куче кое уште во 2023 година помина третман кај нас – денес го изгуби животот поради силно внатрешно крварење.
Нори често била забележувана на повеќе локации низ градот, а според сите сознанија се работело за питомо и мирно куче кое никому не пречело. Овој бесправно и сурово одземен живот нема да остане незабележан. Настанот веднаш ќе биде пријавен до надлежните институции, до кои апелираме да ги искористат сите механизми за пронаоѓање и санкционирање на сторителот на ова тешко кривично дело.
Апелираме и до граѓаните – доколку сте сведоци на вакви дела, пријавете ги веднаш. Само со заедничка реакција можеме да ставиме крај на ваквото насилство и да изградиме општество во кое животите на животните се почитуваат.