Mодерната анксиозност-симптом на лажната реалност
Што ако анксиозноста не е само болест туку рационален одговор на системски хаос? Разоткривање на модерната анксиозност како резултат на светот во кој живееме.
Замисли дека алармот на телефонот ти ѕвони, а ти веќе си буден. Не затоа што си се наспал, туку затоа што мозокот ти почнал да ти работи уште пред да отвориш очи: „Што ми пишале? Дали сум закаснил? Дали утре конечно ќе имам убав ден на работа?“ И не, не си ти тој што е луд – ова е само начин на функционирање на модерниот човек. Попрецизно: анксиозност е новото нормално.
Но што ако анксиозноста не е нарушување, туку нашиот нов начин на живот. Постојано под притисок, од општеството, кое не функционално, од работата, од семејството.
Во секој момент, има стотици нешта што бараат твое внимание: известувања, пораки, маил, реклами, ликови што си ги заборавил, апликации што те потсетуваат дека не си трчал 3 дена. Тоа е хронична хиперстимулација. А твојот мозок не е правен толку информации.
Се чувствуваш како да нешто ќе се случи – ама не се случува. Постојано си во некое исчекување, ова не е анксиозност во класичната смисла. Ова е дигитална анксиозност – модерна анксиозност произведена од алатки што ни ветуваа слобода, а всушност ни ја зимаат.
Социјалните мрежи:
Секој изгледа како да му оди подобро од тебе. Таа на Instagram се насмевнува на патување од работа во Париз. Он објавил проект за кој дури ни не знаеше дека работи. Сите нешто постигнуваат, додека ти стоиш во место, а на сите околу тебе нешто убаво им се случува.
Реалноста на социјалните мрежи не е само лажна – таа е насилна. Те убедува дека си неуспешен, дека нешто ти фали, и дека треба да си подобар, посреќен, помирен и тоа веднаш. Како да постои некоја мистична цел што сите ја знаат освен тебе.
Знаеш што е парадоксално? Луѓето со анксиозност често имаат најточна перцепција за реалноста. Знаат дека светот не е стабилен. Дека социјалните мрежи се лажен свет. Дека иднината не е безбедна. Тоа е рационално препознавање на хаосот.
Анксиозноста не е непријател – таа е будилник. Таа ти кажува: нешто не е во ред. Не во тебе, туку околу тебе. Во работните услови, во економијата што те држи на работ на преживување.
Што да правиме со сето ова?
Наместо да се срамиме од анксиозноста, можеби време е да ја слушнеме. Не да ја гушнеме како пријател, туку да ја разбереме како сигнал. Како „симптом на светот“, а не на нас самите. Можеби решението не е во тоа да станеш „помалку анксиозен“, туку да се прашаш: Зашто сум вака несреќен? И дали можам да го исклучам мозокот за секунда од сите глупости околу мене.