Микропластика во организамот на човекот, дали ова води кон глобална неплодност?

Живот и СтилЗдравје

Новите истражувања откриваат присуство на микропластика во човечките јајници и сперма. Научниците се загрижени за потенцијалното влијание врз плодноста и репродуктивното здравје.

Микропластиката веќе не е само проблем на морињата или на рибите што ги јадеме. Таа е официјално во нас – во белите дробови, во крвта, црниот дроб, па дури и во мозокот. Но најновото откритие објавено во списанието Human Reproduction го дига алармот на сосема ново ниво: микропластика е откриена и во човечките јајници и сперматозоиди.

 

риба микропластика

Научниците анализирале семена и фоликуларна течност кај 51 испитаници (29 жени и 22 мажи) и резултатите се фрапантни: микропластика била пронајдена кај 69% од жените и 55% од мажите.

„Очекувавме да ја најдеме, но не толку често. Ова е навистина загрижувачки,“ изјави д-р Емилио Гомез-Санчез на годишниот конгрес на Европското друштво за човечка репродукција и ембриологија (ESHRE).

Што точно влегува во нас?

Најчести видови микропластика детектирани во примероците:

  • PTFE (тефлон) – 41%

  • Полистирен (стиропор) – 14%

  • ПЕТ (полиетилен терефталат) – 9%

  • Најлон (полиамид) – 5%

  • Полиуретан – 5%

Тоа се материјали што секојдневно ги користиме во пакувања, кујнски садови, облека, па дури и во козметика.

производи со микропластика
производи со микропластика

Зошто ова е опасно?

Според досегашните истражувања врз животни, микропластиката во телото предизвикува воспаленија, оксидативен стрес, оштетување на ДНК, стареење на клетките и хормонски дисбаланс. Звучи познато? Да, тоа се истите проблеми што го намалуваат квалитетот на сперматозоидите и јајце клетките кај луѓето.

Иако директна врска со неплодност сè уште не е докажана кај луѓето, трендот на опаѓање на плодноста глобално (особено во САД и Европа) веќе не може да се игнорира.

Микропластика = една супена лажица за вечера?

Научниците проценуваат дека просечен човек внесува околу 5 грама микропластика неделно – тоа е една супена лажица. Годишно – 250 грама. Тоа е цел чинија пластика.

Изворите на внесување се две:

  1. Преку храна и пијалоци – особено вода од пластични шишиња и прехранбени производи чувани или зготвени во пластика.

  2. Преку вдишување на честички од воздухот, особено во урбани и затворени простори.

Што може да се направи?

Д-р Гомез-Санчез вели нема уште простор за паника ама сепак треба да се внимава:

„Нема место за аларм, но треба да ја намалиме изложеноста.“

Неколку практични совети:

  • Користи стаклени садови наместо пластика, особено за храна.

  • Избегнувај вода во пластични шишиња.

  • Намали купување на брза храна и преработени производи.

  • Прочистувачи на воздух дома? Не е луксуз, туку инвестиција.