Mercedes-Benz GLC – Германците се враќаат на врвот
Mercedes-Benz GLC 2026 пристигнува во електрична верзија со 713 км досег, MBUX Hyperscreen и сертифициран вегански ентериер.
Mercedes-Benz официјално го претстави новиот електричен GLC, модел што ќе биде достапен од првата половина на 2026 година. Како еден од најпродаваните SUV-возила на брендот, GLC сега влегува во електричната ера со импресивен досег, авангардна технологија и редефиниран дизајн.
Технологија и вештачка интелигенција
Во срцето на новиот GLC се наоѓа MB.OS, оперативен систем со вграденa вештачка интелигенција. Тој управува со инфозабава, автономно возење, удобност и полнење. Благодарение на Mercedes-Benz Intelligent Cloud, автомобилот добива ажурирања на целиот софтвер „преку воздух“ (OTA), што гарантира дека ќе остане технолошки актуелен и во иднина.
Внатрешност со дигитална елеганција
Најголемата новина е MBUX Hyperscreen дисплејот со должина од 99,3 см, најголем екран некогаш вграден во Mercedes-Benz. Заедно со амбисветло и панорамски покрив SKY CONTROL, ентериерот нуди уникатно искуство на пространост и естетика.
Mercedes-Benz станува и првиот производител кој нуди сертифициран вегански ентериер, признаен од The Vegan Society. Со тоа, GLC поставува нови стандарди за одржлив луксуз.
Простор и перформанси
Новата генерација GLC нуди поголем простор за патниците и капацитет за влечење до 2,4 тони. Врвниот модел GLC 400 4MATIC со 360 kW нуди досег од 713 километри со едно полнење – бројка што го позиционира меѓу најдобрите во класата.
Редизајн и идентитет на брендот
Новиот GLC е првиот модел со целосно редизајнирана осветлена хромирана решетка, која Mercedes-Benz ја нарекува „иконско лице на иднината“. Во комбинација со филозофијата на дизајн Sensual Purity, SUV-то добива премиум изглед што ја истакнува неговата технолошка супериорност.