Меланија Трамп во Британија: Мода со скриени пораки

АнглијаМодаМоден Дизајн

За време на дводневната посета на Велика Британија, Меланија Трамп смени пет комбинации, за кој зборува цел моден свет.

Престојот на Трампови во Виндзор беше обележан со средби што ги надминуваат сите протоколи, но и неизбежни модни дуели со Кејт Мидлтон. Камила малкумина ја сметаа за закана за шармантната Словенка, иако, според многумина, кралицата избрала подобра креација за државниот банкет.

Но, како што истакнува Џејн Типет во колумна за „Дејли меил“, секое издание во кое сопругата на американскиот претседател се претставила било исклучително внимателно испланирано. Воена прецизност, до поентата. Меланија, вели таа, почнала да работи на тоа уште во февруари, штом поканата од кралот Чарлс пристигнала во Белата куќа. Секако, таа имала помош од нејзиниот личен стилист, Ерве Пјер, близок соработник и доверлива личност.

Најмногу реакции предизвика жолтата креација на „Carolina Herrera“, која дел од модните критичари ја оценија како ризичен избор за кралски банкет, додека други ја видоа како храбар и смел потег. Можеби едноставно не е за толку висока кралска пригода, не толку поради бојата колку поради отворените рамена.

меланија трамп жолт фустан

Во секој случај, смел потег. Таа носеше сличен модел како и на првиот танц по инаугурацијата на Трамп во јануари.

И можеби немаше да се крене толку прашина ако неколку часа претходно не носеше уште еден драматичен детаљ, широката виолетова шапка со која излезе од хеликоптерот по пристигнувањето во Виндзор.

„Ниту тоа не беше случаен избор. Меланија има тенденција да го крие лицето, особено очите, што не укажува на нејзиниот став и однесување на далечина, туку на желбата целото внимание да биде насочено кон нејзиниот сопруг. На крајот на краиштата, беше во иста боја како и вратоврската на Трамп, што исто така открива посебна врска меѓу нив“, вели Џејн.

меланија трамп шапка

Поддршката е очигледна, но исто така е и фактот дека првата дама е решена да создаде свој моден код. И додека шапката го украде шоуто, елегантната комбинација „Диор“, дизајнирана од поранешната креативна директорка на француската модна империја, Марија Грација Кири, која секогаш инсистираше на женствени силуети и фини структури, остана во втор план.

меланија диор фустан

А прошетката низ Фрогмор Гарденс во комплексот Виндзор во друштво на принцезата од Велс беше мала модна ревија. Судејќи според високите оценки што ги добија двете за совршени есенски комбинации во сезонската палета, овој дуел беше нерешен. Меланија се одлучи за стил на извидници-ренџери: карго јакна од велур потпишана од доајенот на американската мода Ралф Лорен, еден од нејзините омилени дизајнери, светло сиви панталони и балетанки.

меланија и кејт

Класичниот тренч мантил на куќата „Барбери“ беше мал знак на внимание кон домаќинките, бидејќи таа го избра најпрестижниот британски бренд, кој ужива статус на култ и легенда. Палто од есенската колекција 2020, кога Рикардо Тиши беше креативен директор, беше придружено со црни панталони и кожни чизми до колена.

Блубери, Меланија и Трамп

На крајот од посетата на Велика Британија, Меланија Трамп покажа кул гламур од Горниот Ист Сајд во полн сјај, на што му помогна карамелизирана комбинација од јагнешка кожа – мини здолниште и сако со потпис на луксузниот бренд „Луј Витон“, и чевли од змиска кожа од ателјето на Маноло Бланик.

 

меланија

Иако ѝ замерија на скромното внимание кон британските модни куќи, критичарите признаваат дека Меланија повторно успеа да ја наметне својата улога како икона на стилот. Со секој избор, таа не само што предизвика коментари, туку и потврди дека зад модата може да стои внимателно осмислена стратегија.

Дводневната посета во Британија така остана запаметена не само по средбите и протоколот, туку и како моден дуел со Кејт Мидлтон – дуел што јавноста го прогласи за нерешен.