Маж од публиката и го допре задникот на Дуа Липа
Дуа Липа доживеа незгодна ситуација на концерт: Маж од публиката ја допре по задникот!
Имено, на видеото кое брзо стана вирално, Липа може да се види како се приближува кон публиката за време на концертот за да се фотографира со обожавателите, но еден маж од публиката го искористил моментот и ја допрел несоодветно.
Кога се приближила до публиката, Липа рекла: „Ви благодарам што сте тука“. Во првиот ред бил маж кој прво ја ставил раката на нејзиниот грб, а потоа и на задникот. По овој потег, обезбедувањето на Липа веднаш реагирало и го отстранило.
Однесувањето на овој обожавател предизвикало низа реакции, а во описот на видеото објавено на социјалната мрежа „X“ пишувало: „Ова буквално ми го превртува стомакот. Дуа само се обидува да се приближи до фановите, а некои го сфаќаат тоа на најлош можен начин. Ги мразам ваквите луѓе“.
Бројни обожаватели изразиле гнев и згрозување од оваа постапка во коментарите.
„Каква одвратна личност, ваквите луѓе ме прават болна“, „Познатите личности не можат ни да се приближат до фановите без ризик од физички или сексуален напад“, „Ова е ужасно“, „Дуа почувствува дека нешто не е во ред, затоа само го прегрна настрана“, „Ако имал храброст да ја нападне вака, треба да ги трпи последиците“, биле некои од коментарите.
Сепак, обожавателите ја пофалиле брзата реакција на обезбедувањето кое спречило понатамошен контакт. Дуа Липа не зборуваше за инцидентот и моментално е на светската турнеја „Radical Optimism Tour“ на која го промовира истоимениот албум објавен оваа година.
Турнејата започна во ноември минатата година во Сингапур и ќе трае до декември оваа година со настапи низ Азија, Северна и Јужна Америка и Европа.