СветСелебритиТехнологијаФејсбук

Марк Цукерберг – AI ја менува иднината на Meta во 2025

Марк Цукерберг: „Врзете се ќе полетаме, затоа што 2025-та ќе биде година на технолошки пресврт!

Извршниот директор на Meta, Марк Цукерберг, испрати јасна порака до своите вработени: „Подгответе се за предизвикувачка година!“. Во интерно видео-обраќање, прегледано од Business Insider, тој детално говореше за иднината на компанијата, вештачката интелигенција и новите корпоративни политики.

2025 – Година на технолошка револуција

Цукерберг најави дека до крајот на 2025 година ќе се утврди јасна насока за Meta, со фокус на развојот на вештачката интелигенција. Според него, напредокот во AI ќе резултира со „многу интелигентен и персонализиран“ дигитален асистент, кој би можел да достигне преку една милијарда корисници.

„Кој прв ќе стигне таму, ќе има долгорочна, трајна предност во создавањето на еден од најзначајните производи во историјата“, истакна тој.

AI – Моќта што ќе ја трансформира работната сила

Цукерберг повторно ја потенцираше својата визија дека вештачката интелигенција не само што ќе ја подобри продуктивноста, туку и ќе преземе одредени работни задачи. AI-технологиите, како што е софтверот за пишување, ќе го променат начинот на кој компаниите функционираат.

Но, дали тоа значи намалување на работните места? Цукерберг беше воздржан, велејќи дека е „тешко да се знае“. Додека некои позиции може да станат застарени, истовремено ќе се отвори простор за повеќе инженери и специјалисти кои ќе ја унапредат употребата на AI во работните процеси.

Промени во политиките на Meta

Покрај технологијата, Цукерберг зборуваше и за значајни промени во политиките на компанијата, особено во домените на проверката на фактите, различноста, правичноста и инклузијата. Овие ажурирања имаат за цел да ја направат платформата посигурна и поефикасна за корисниците ширум светот.

Прочитај ме:  Кина ќе користи роботи Хјуманоиди за грижа на стари лица

„Маратон или спринт?“ – Дилемата на Meta

Во својот говор, Цукерберг направи интересна паралела:

„Ова е маратон, а не спринт… но искрено, оваа година повеќе ми изгледа како спринт“.

Со динамични промени во технолошкиот пејзаж, Meta се подготвува за нова ера каде што AI ќе има централна улога. Останува да видиме дали оваа трка ќе биде триумф за компанијата или ќе наиде на неочекувани предизвици.