Макрон се пошегува за престолот: „За француски претседател, тоа не е баш паметно“
Францускиот претседател Макрон со хумористичен коментар за „седење на престол“ стана хит на свечената вечера во Лондон. Погледни зошто!
Францускиот претседател Емануел Макрон повторно стана ѕвезда на интернет – но овојпат не поради политика, туку поради една фина и саркастична забелешка изречена на свечена вечера во Лондон. Говорејќи пред присутните на официјалниот прием во негова чест, Макрон успеа да ја освои публиката со шега за седење на престол.
„Ќе бидам искрен – од почетокот на оваа вечера бев малку нервозен… затоа што ме ставија да седам на престол,“ изјави Макрон, предизвикувајќи громогласна смеа во салата.
И не застана тука.
„А да ви кажам право – за еден француски претседател, тоа е многу лоша идеја,“ додаде тој, со што буквално ги разоружа присутните.
Зошто е ова толку смешно?
Франција одамна нема монархија – последниот крал ја изгуби главата, буквално – па идејата еден претседател да седи на „престол“ звучи како шега сама по себе. Но Макрон, очигледно самосвесен за историјата и симболиката, ја искористи шансата да ја олесни атмосферата и да покаже дека хуморот е најдобриот дипломатски алат.
Селфи со принцезата, одбивка од сопругата
Освен шегата со престолот, вечерта понуди уште неколку моменти за социјалните мрежи. На фотографиите од гала-настанот во замокот Виндзор се гледа како Макрон намигнува на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, додека подигнуваат чаши на здравица. Секако, интернетот одма проработе.
Но сценариото не беше целосно романтично – при пристигнувањето во Лондон, камерите уловија и малку „брачен студ“. Додека Макрон ѝ ја нудеше раката на сопругата Брижит за да слезе од авионските скали, таа одлучи да се потпре на рачката и – го игнорираше. Сепак, на крајот му се насмевна, па кризата беше одбиена пред да стане протоколарен инцидент.
Макрон покажа дека добриот хумор може да биде најсилно оружје во дипломатските кругови. Да се пошегуваш за монархија, престол и политика – и тоа во друштво на кралеви и рок-икони како Елтон Џон и Мик Џегер – не е мала работа.