Мајкл Мадсен пред смртта се борел со алкохолизам и правни битки
Мајкл Мадсен почина од срцев удар, но адвокатот откри дека актерот се борел со алкохолизам и правни битки со поранешната сопруга, што, според него, му го уништиле животот.
Актерот бил пронајден без свест во својот дом во Малибу – адвокатот тврди дека зад трагичната судбина стои горчлива животна приказна.
Легендарниот холивудски актер Мајкл Мадсен, најпознат по улогите во филмовите „Reservoir Dogs“ и „Pulp Fiction“, беше пронајден без свест во својот дом во Малибу рано утрото во четвртокот. Според првичните информации, неговиот менаџер соопшти дека актерот починал од срцев удар, но адвокатот на Мадсен, Пери Вандер, откри поинаква и многу подлабока страна на приказната.
Вандер, кој 20 години го застапувал Мадсен, за Daily Mail изјави дека актерот последните години се борел со сериозни проблеми поврзани со алкохолизмот, но и со, како што ги нарекува, „разорни правни битки“ со својата поранешна сопруга.
„Само два дена пред да почине разговарав со него. Знаев дека не е добро“, изјави адвокатот.
Мадсен, според него, бил во длабока лична и професионална криза. Освен долгогодишната борба со алкохолот, се соочувал со судски процес околу издршка и други финансиски прашања, поради што му бил дури и одземен пасошот – што директно влијаело врз неговата способност да работи на проекти во странство.

„Ја обвинувам неа што му ги загорчи последните години од животот“, изјави Вандер, мислејќи на поранешна сопруга.
Тој додаде дека Мадсен живеел со многу каење, особено во врска со своите два неуспешни брака.
Додека официјалната причина за смртта е срцев застој, адвокатот индиректно посочи дека личните трауми и зависноста од алкохол можеби го забрзале крајот. Вистината допрва ќе се испитува, но нема сомнеж дека славата често доаѓа со сопствени демони кои не секогаш се видливи однадвор.